Магијата на почвата
“Единствениот магичен материјал што ја претвора смртта во живот.”
– Садгуру
Движењето 'Зачувај ја Почвата' е за здружување на човештвото за да се одржи жива магијата на почвата.
Гледајте го документарецот „Зачувај ја почвата"
Но...
Што точно е почва и што прави таа?
Ајде да истражиме со квизот подолу.
Прашање 1 / 6
Почвата е ______
Почвата е основата на нашите животи. Но...
Земјоделството, уништувањето на шумите и другите фактори со алармантни стапки го деградираа и еродираа горниот површински слој на почвата. На глобално ниво, 52% од земјоделското земјиште е веќе деградирано. Планетата е во криза. Ако продолжи сегашната стапка на деградација на почвата, ова би бил крајот на животот каков што го знаеме.
Многу деградирана
Деградирана
Стабилна
Без вегетација
Планетата е во криза
Криза за храна
За 20 години се очекува да се произведува 40% помалку храна за 9,3 милијарди луѓе.
Сиромашна почва доведува до слаба хранлива вредност. Денешното овошје и зеленчук веќе содржат 90% помалку хранливи материи.
2 милијарди луѓе страдаат од недостатоци во исхраната што доведува до разноразни болести.
Недостиг на вода
Осиромашените почви не можат да ги апсорбираат и регулираат водните текови.
Намаленото задржување вода доведува до недостиг на вода, суши и поплави.
Органската материја може да задржи вода дури до 90% од својата тежина и полека да ја ослободува со текот на времето. Ова е голема помош во областите подложни на суша.
Губење на биолошката разновидност
Научниците велат дека околу 27.000 видови форми на живот исчезнуваат секоја година поради губење на живеалиштата.
Кризата достигна точка каде што 80% од биомасата на инсекти исчезна.
Губењето на биодиверзитетот дополнително ја нарушува животната средина во почвата и го спречува обновувањето на почвата.
Климатска промена
Јаглеродот складиран во почвата е 3 пати повеќе од оној во живите растенија и 2 пати повеќе од атмосферата, што значи дека почвата е клучна за одделување на јаглеродот.
Доколку почвите во светот не се ревитализираат, тие би можеле да испуштат 850 милијарди тони јаглерод диоксид во атмосферата што ќе придонесе за климатските промени. Ова е повеќе од сите заеднички емисии на човештвото во последните 30 години.
Загуба на егзистенција
Илјадници земјоделци извршуваат самоубиство поради исцрпување на плодната почва.
74% од сиромашните се директно погодени од деградацијата на земјиштето на глобално ниво.
Се проценува дека изумирањето на почвата го чини светот до 10,6 трилиони американски долари секоја година.
Конфликт и миграција
Порастот на населението и недостигот на храна и вода би можеле да предизвикаат над 1 милијарда луѓе да мигрираат во други региони и земји до 2050 година.
Прашањата за земјиште одиграа значајна улога во над 90% од големите војни и конфликти во Африка по 1990 година.
Од Француската револуција до Арапската пролет, како фактор зад масовните протестни движења се наведуваат високите цени на храната.
Почва: холистично решение
Речиси секоја голема еколошка криза е, до одреден степен или форма, последица или симптом на деградација на почвата. Слично на тоа/Во ист контекст, речиси секоја болна точка поврзана со животната средина може да се реши со создавање здрава почва.
Всушност, заблуда е да се мисли дека можеме да се осврнеме на кој било аспект од нашата средина без да се осврнеме на целината, бидејќи ниту еден аспект од екосистемот не функционира изолирано. Ниту едно решение не е целосно сѐ додека не станеме свесни дека животот е еден единствен комплексен феномен, кој се случува во унија. На многу начини, почвата е основната платформа од која извира животот. Ако ја поправиме почвата, имаме најголеми шанси да ја поправиме целината.
Што велат експертите?
Што вели науката?
S.O.S - (Save Our Soil) Зачувај ја нашата почва?
Управување со почвата
Индиска организација за вселенско истражување
Биодиверзитет
Секоја година на глобално ниво се губат околу 24 милијарди тони плодна почва и 27.000 био-видови.
Извештај на ОН: Фармите во светот се растегнуваат до „точка на кршење“
Климатска промена
Светскиот климатски стресиран и деградиран од загадување земјоделски систем мора брзо да се пренасочи кон одржливи практики за да храни ...
Ох почво
Мирисот на почвата
некако ми е понежен
од фенси мирисот на цветот.
Силата и чувствителноста на животот
одржани во почвата
испуштаат бранови на страст од
различен вид.
Страст не кон личност
туку кон мојот вид
што стана бесчувствителен
кон сето она што го негува
и го апсорбира на крајот.
Додека одам бос, се распаѓам
со страсти толку длабоки
што им пркосат на сите описи.
О, почва, мојот живот
Поема од Садгуру
АЈДЕ ДА ГО ОСТВАРИМЕ ТОА!